Несторовски си оди од Удинезе, бира меѓу три понуди!

Илија Несторовски на 1 јули станува слободен играч и си заминува од Удинезе, а негов иден клуб ќе биде Лече, Ватфорд или екипа од Обединетите Арапски Емирати. Ова го тврди новинарот Афредо Педула, кој важи за експерт за трансфери.

Англискиот Ватфорд е во сопственост на семејството Поцо, кое го поседува и Удинезе, но не нудел многу пари, па за Нестор поинтересен бил Лече, кој ќе игра во Серија А, и повеќе би сакал да остане во Италија.

Секако, финансиски може најдобро да помине во ОАЕ, па сега дилемата е дали ќе остане во Италија или ќе ги одбере парите.

- Оглас -

Најнови вести