Неверојатен потег: го прочита ливчето со совети, па го изеде! (Видео)

Фудбалерот на Трабзонспор, Баду Ндиаје, за време на гостувањето кај Газијантепспор, од соиграчот Филип Новак на хартија доби напишани инструкции, и откако прочита што треба да се прави, реши да го замота и изеде ливчето, за тоа да не дојде кај противниците. Трабзон освои само бод, па сега има три бода помалку и еден меч помалку од првопласираниот Башакшехир.

Сенегалецот Ндиаје (позајмен е во Трабзон од Стоук) не е првиот кој добива вакви инструкции, но сигурно е првиот кој од ливчето се ослободи, голтнувајќи го.

Погледнете го неверојатниот потег:

- Оглас -

Најнови вести