Неверојатна атмосфера на „Сити граунд“, се игра премиерлигашки дуел по 23 години пауза (видео)

Нотингем форест води со 1-0 на полувремето против Вест хем, меч кој се одбележа како прв за Шумарите во Премиер лигата по 23 години пауза. Навивачите приредија спектакуларен пречек за повратникот во елитата, сезонава првпат се игра лигашки меч на „Сити граунд“, а отворањето беше за секоја пофалба.

https://twitter.com/footballdaily/status/1558809864507428866

За фанстастичната атмосфера стигна и награда пред самата пауза од 15 минути. Во судиското надополнување Таиво Авонији се снајде пред противничкиот гол и е стрелец на првиот погодок за Нотингем по 23 години во најелитното англиско првенство.

- Оглас -

Најнови вести