Србија и Фарски острови одиграа нерешено 31:31 во меч од главната групна фаза на Светското ракометно првенство за жени во Холандија. Србинките има зошто да жалат затоа што на 20-тина секунди до крајот имаа предност од 31:30 и напад.

Јована Јововиќ беше во напад, излезе сама пред противничкиот голман, но наместо да шутира, направи грешка, а потоа и уште една. Наместо да ја остави топката и да дозволи Фарски острови да тргнат во напад, Јововиќ неправилно попречи на противникот. Судиите решија дека Јововиќ треба да добие црвен картон, а Фарски острови добија пенал кој го реализираа и освоија бод.
Лудата завршница може да ја видите ТУКА.
Во Президент купот, Хрватска стигна до неверојатна победа, откако со 38:9 славеше над Иран. Коцкестите поведоа со 12:1, а Иран првиот гол го постигна во 16 минута. На полувреме Хрватска водеше со 21:3.
Во второто полувреме Хрватките намалија во темпото, а на крајот стигнаа до победа од 29 разлика.

