Неверојатна одлука: Нема испаѓање, но и влез во елитата во следните пет сезони

Фудбалското првенство на Мексико во следните пет години нема да има испаѓање во понизок ранг, како и промоција во елитното натпреварување. Ова е одлуката која ја донесоа сопствениците на 18-те екипи кои се дел од најсилната лига во ова првенство, а е како реакција поради пандемијата од Коронавирусот.

Поради прекинот на првенството, клубовите западнаа во финансиска криза и ќе треба одреден период за да се стабилизираа. Освен што е договорено да нема испаѓање и влегување во елитното првенство, одлучено е да да биде прекинати натпреварите во втората лига на Мексико. Сите клубови од втората лига ќе добијат финансиска помош од 845.000 долари во наредните пет години.

Ова е прв пат по сезоната 1951/52, да нема промена во првенството во Мексико.

- Оглас -

Најнови вести