Неверојатна приказна: Го купија за 200.000 евра, а сега ќе го продадат за 85 милиони евра

Младиот Флоријан Вирц оваа сезона е движечката сила на бундеслигашкиот лидер, Баер Леверкузен. Тој само со 20 години веќе го привлекува вниманието на големите европски клубови, а интерес за него веќе има од Барселона и Баерн Минхем.

Неговата моментална вредност е неверојатни 85 милиони евра, а договорот со Фармацевтите од Леверкузен му истекува дури во 2027 година. Сепак, со оглед на неговата висока цена, тешко дека екипата на Барселона ќе може да го откупи.

Сетоа тоа го става Баерн Минхен во пол-позиција за неговиот ангажман, со оглед на тоа дека Баварците сакаат да градат екипа за иднината, а 20-годишниот Вирц идеално се вклопува во нивната замисла.

Флоријан Вирц потекнува од академијата на Келн, од каде што во 2020 година се сели во младинците за Баер Леверкузен само за 200.000 евра. Само за три години неговата цена вртоглаво порасна, а со тоа и заработката на Фармацевтите, кои знаеја да го проценат неговиот квалитет и навреме да го ангажираат.

- Оглас -

Најнови вести