Неверојатно: Ја тужи мајка си затоа што не му ги враќа дресовите

Дани да Коста, дефанзивецот на Ајнтрахт Франкфурт, има необичен проблем. Тој реши да ја даде на суд сопствената мајка затоа што таа не сака да му ги врати неговите омилени дресови. „Спорни“ се шест дреса кои Да Коста ги има носено низ кариерата, а имаат посебно значење за фудбалерот.

Мајката која ги има дресовите вели дека се работи за недоразбирање и дека таа смета дека тие дресови ѝ се дадени како подарок. За да се реши целата ситуација, Да Коста решил да побара помош од судот, па на 27 септември двајцата треба да се појават на суд, кој треба да реши кој е вистинскиот сопственик на тие дресови.

Ајнтрахт в четврток на свој терен игра против Арсенал во првото коло од групната фаза во Лигата на Европа. Комплетната понуда за обложување на мечевите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа може да ја најдете на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести