Речиси половина година светот се прилагодува на новиот начин на живеење во услови на корона-вирусот. Опасниот вирус во светски рамки се рашири во февруари, кога на удар беа речиси сите сфери на живеењето. Со појавувањето на вирусот, спортот едноставно сопре.
Беа прекинати сите натпреварувања, без разлика дали се работеше за спортови во сала, на стадион или на отворено. Беа одложени Летните олимписки игри во Токио, Европското фудбалско првенство и голем број други важни настани. По четири месеци од пандемијата, спортот полека повторно почна да заживува.
Сега најголем дел од спортовите се вратија во погон под мотото „Не можеш да го сопреш спортот“ беше направено едно одлично видео кое вреди да се погледне.