Невиден хаос: Општа тепачка во публиката го прекина мечот во рингот (Видео)

Бадр Хари и Аркадиус Вросек вечерва во белгискиот град Хаселт по втор пат за шест месеци влегоа во рингот. Бард бараше реванш за неочекуваниот пораз во септември, а Полјакот сакаше да покаже дека победата не беше случајна.

Двајцата борци фајтерски влегоа и најавија одлична борба. Според судиите Бадр ја доби првата рунда, но и Вросек покажа сила и со еден потег со колено го нокаутираше противникот.

Тогаш, неочекувано се случи хаос во публиката. Започна масовна тепачка која излезе од контрола, па организаторот реши да ја прекине борбата.

 

- Оглас -

Најнови вести