Невидено досега: Голман нападна судијка, мечот веднаш беше прекинат

На фудбалски меч во Босна и Херцеговина се случи голем преседан, досега невиден на терените, а голманот на екипата на Електробосна, Аднан Жилиќ, физички ја нападна судијката Сенида Салдум.

Најпрво имаше вербален атак од Жилиќ, кој потоа користише и физичка сила за да истера своја правда, па мечот веднаш беше прекинат.

Во моментот на прекинот во тек беше 89-тата минута на дуелот од кантоналната лига Средна Босна меѓу Електробосна и Нова Била, а резултатот беше 1:1.

Жилиќ откако сфати каква глупост направи, ѝ се извинил на судијката Салдум, но според правилникот за натпреварување, го чека едногодишна суспензија.

 

- Оглас -

Најнови вести