Невидено – Изведе пенал, а судијата му досуди играње со рака (Видео)

Лошо изведен пенал го одбележа првиот меч од полуфиналето на плејофот во бразилската Серија Д помеѓу Жакуипенсе и Манаус. Средбата заврши 1-1, а гостите имаа прилика од пенал да дадат уште еден гол, но изведувачот Негуеба се лизна и стана хит на интернет.

Левиот бек Негуеба зеде залет, но во моментот кога требаше да шутне, се лизна, топлата го потзакачи во рака и судијата досуди слободен удар за домашните, кои имаа многу среќа во оваа ситуација. На Негуеба не му беше денот бидејќи осум минути по утката од белата точка, во еден воздушен дуел ја повреди главата и мораше да излезе од игра.

Погледнете го катастрофално изведениот пенал:

https://www.youtube.com/watch?v=NOSLWO22T_E

- Оглас -

Најнови вести