Невидено: црногорски судија запроси кошаркарка среде финален натпревар (Видео)

Вечерва во Подгорица се случи нешто што најверојатно никогаш порано не е видено на кошаркарските терени во светот, барем не на официјален меч од финале на плејоф.

Судијата Стефан Вуковиќ среде натпревар ја побара за жена својата девојка Виолета Лазаревиќ, која игра за Будуќност. Додека Виолета се подготвуваше да изведе слободни фрлања, судијата се доближи до неа, клекна на колена и со венчален прстен ја побара за жена.

Виолета беше изненадена, а сите беа воодушевени и аплаудираа. Кошаркарката и судијата се прегрнаа, тоа значеше ДА како одговор, а веднаш потоа им честитаа и кошаркарките од двата тима, како и другиот судија, кој е брат на идниот младоженец.

- Оглас -

Најнови вести