Баерн Минхен се збогува со играчот од средниот ред Леон Горецка. Овој 31-годишен фудбалер ќе го напушти клубот од Минхен на крајот од сезонава.
„Осум години. 16 титули, тоа остаанув засекогаш. Ти благодариме за сè, Леон. За посветенооста, пасијата, незаборавните моменти“, се вели во соопштението на прес-службата на најтрофејниот германски клуб.

Горецка се приклучи на Баерн од Шалке во летото 2018 година. Со клубот од Минхен освои седум титули во Бундеслигата, три трофеи во германскиот куп, четири германски Суперкупа, и по една титула во Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство на ФИФА.
Вкупно, Горецка одигра 312 натпревари за Баерн во сите натпреварувања, постигнувајќи 51 гол, имаше и 53 асистенции.

