Невозможно е ова што му се случи на Слован – Имаат позитивен на Ковид-19 и во втората тура што допатува во Фарски острови

Вистинска голгота преживеаја фудбалерите на Слован Братислава во Фарските острови и на крајот епилогот по нив ќе биде трагичен, ќе испаднат од квалификациите за Лигата на шамчионите без игра поради корона-вирусот.

Иако беа апсолутни фаворити против шампионоте на Фарските острови и дури сторија се за да играат, па испратија две фудбалски експедиции на далечниот Север на Европа, немаа среќа со тестирањето на Ковид-19.

Првично мечот беше одложен во средата, поради позитивен тест на физиотерапевтот на Слован. Владата на Фарските острови нареди сите гостински играчи и стручниот штаб да бидат во 14-дневен карантин, или да си заминат веднаш со чартер лет назад за Словачка.

УЕФА донесе одлука мечот да се игра денеска од 18 часот, а на Фарски острови допатува уште една фудбалска експедиција од Братислава, но и тука има еден случај на заразен со Ковид-19, па мечот е дефинитивно одложен и најверојатно Слован ќе биде исфрлен од квалификациите за ЛШ.

Претходно и косовскиот шампион, Дрита, чиј тренер е нашиот познат поранешен фудбалер Адријан Нухии беше исфрлен од претквалификациите за ЛШ, откако и тие имаа позитивни на корона-вирус.

На Приштина и се случува истото сценарио како на Слован, но тие ќе играат утре во претквалификациите за Европа Лигата, против Линколн на Гибралтар, откако дополнително повикаа неколку фудбалери.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести