Дрита го предаде дуелот со Линфилд по позитивните случаи со ковид-19

Финалниот претквалификациски меч меѓу Дрита и Линфилд дефинитивно нема да се одигра по вчерашното одложување поради присуство на корона-вирусот во редовите на косовскиот првак. Екипите се вратија од Нион, каде што требаше да се одржи средбата која се откажа два часа пред почетокот.

Екипата на Адријан Нухиу го предаде дуелот, додека службената победа од 3-0 за Линфлид ќе значи пласман во првото коло од квалификациите во ЛШ за сезоната 2020/21. Северноирскиот шампион следниот вторник ќе ги одмери силите со Легија Варшава.

Дрита вчера пријави двајца играчи позитивни на ковид-19 непосредно пред почетокот на натпреварот, по што целата екипа заврши во карантин.

- Оглас -

Најнови вести