Незапамтена сцена во Турција: Фудбалер го моли претседателот на клубот да не го повлекува тимот (Видео)

Дуелот меѓу Истанбулспор и Трабзонспор од 17 коло на турската Суперлига не го дочека крајот. На 15-тина минути пред крајот, домашниот тим незадоволен од судењето, реши да го напушти теренот. Претседателот на Истанбулспор, Екмел Фаик Сариалиоглу ја донесе одлуката неговиот тим да се повлече.

Гостите од Трабзон водеа со 2:1 кога првиот човек на Истанбулспор дојде до аутлинијата и побара од неговите играчи да го напуштат теренот. Повеќето фдубалери веднаш го напуштија теренот, но имаше и такви кои едноставно не сакаа да се повлечат.

Симон Дели буквално клекна на колена и го молеше претседателот на клубот Сариалиоглу да не го прекинува натпреварот. На крајот сепак молбите не беа доволни и средбата не го дочека крајот.

Ова е втор голем инцидент во Турција поврзан со судењето за само 10-тина дена, откако претходно, претседателот на Анкарагучу, Фуркан Коџа влезе на теренот и го претепа судијата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести