Незапамтена женска тепачка на трибините на НФЛ-меч (Видео)

Неверојатни сцени се случуваа пред некој ден на трибините во Глендејл, каде што екипите на Аризона кардиналс и Лос Анџелес рамс играа натпревар од НФЛ-лигата во американски фудбал. Гостите од Лос Анџелес извојуваа убедлива победа на теренот, а тоа се случи и на тепачката на трибините.

Една жена облечена во дрес на Рамс неколкупати со колено во лице удираше друга жена, а притоа ѝ ја кубеше косата да не може да се оттргне од ударите. Реакцијата на мажите кои беа во близина не беше доволна за таа да престане да удира десетина секунди со раце и нозе во стил на ММА борец. Некои навивачи се шегуваат дека познатиот промотер Дејна Вајт треба да земе телефонски број од женава и да ѝ закаже натпревар во ринг или октагон.

Погледнете ја целата ситуација која ја снимија луѓе кои се најдоа во непосредна близина:

https://www.youtube.com/watch?v=dOdmLCVyFno

 

- Оглас -

Најнови вести