Незапирливиот Вембањама донесе победа за Сан Антонио, Њујорк е на чекор од конференциско финале (Видео)

Феноменалниот Французин Виктор Вембањама го предводеше тимот на Сан Антонио спарс до победа на гости против Минесота од 115:108. Вембањама постигна дури 39 поени, а имаше и 15 скокови во победата која донесе водство од 2:1 за Сан Антонио во полуфиналната конференциска серија.

Сан Антонио започна фуриозно и поведе со 18:3, но Минесота многу пати досега покажа дека може да се врати во игра, па така беше и сега кога до крајот на првата четвртина стигнаа до само еден негатива (22:23). Во текот на целата втора четвртина ниту еден од тимовите немаше поголема предност од пет поени, а на полувреме се замина со нерешен резултат 51:51.

Клучен период за стекнување на предноста на гостите беше во третата четвртина. Сан Антонио цело време водеше, а во еден момент предноста беше и девет разлика (86:77). Сан Антонио покажа искуство откако во последната четвртина успеа константно да ја одржува предноста и на крајот стигна до втората победа во оваа серија против Минесота.

Њујорк уште еднаш покажа дека е доминантен во пресметката со Филаделфија и славеше на гостински терен со 108:94. За Никси ова е водство од 3:0 и потребно е само уште еден триумф за да се пласира во конференциското финале.

Брунсон со 33 поени и Бриџес со 23 поени беа предводници на Њујорк до победата, додека Оубре со 22 поени и Ембид со 18 поени беа најефикасни во тимот на Филаделфија.

- Оглас -

Најнови вести