Реал Мадрид е најблаго кажано во хаос, шпанските медиуми постојано вадат „ексклузиви“ од тоа што се случува внатре во тимот, а клубот го бара „кртот“ кој им јавува на новинарите и кој „издал“ дека имало тепачка меѓу Чуамени и Валверде.
Сомнежите се дека некои од шпанските фудбалери се тие што се осомничени дека се „кртови“. Карвахал, Карерас и Себаљос се во немилост на тренерот Арбелоа и сакаат да наштетат со откривање на сочни детали со кои се занимаваат фановите од цел свет. Реал веќе бара кои се таканаречени „кртови“ во тимот.
Од друга страна, се шпекулира дека Винисиус, кој е миленик на Арбелоа, ги кодошел соиграчите кај тренерот. Наводно тој му кажал на Арбелоа дека незадоволните Шпанци му смислиле навредлив прекар, меѓу себе нарекувајќи го „конус“, па тренерот им се одмаздува со тоа што не ги става во игра. Себаљос веќе јавно кажа дека не сака да има контакт со Арбелоа и дека не разговараат, а во последно време и Карерас е закован на клупата и не игра.

