Незгодно: На Инграм му скандираа „Леброн ќе те трампа“ (Видео)

Брендом Инграм се најде во мошне незгодна ситуација и мораше да го истрпи ироничното скандирање на публиката во Индијанаполис уште од стартот на мечот.

Инграм изведуваше две слободни фрлања во четвртата минута од мечот меѓу Лос Анџелес лејкерс и Индијана, кога публиката почна да му скандира „Леброн ќе те трампа“.

Бекот кој има само 22 години остана мирен, иако видливо беше дека тешко го поднесува потсмевањето од трибините. Се однесува на неговиот статус во Лејкерс, откако беше понуден на тимот на Њу Орлеанс пеликанс, заедно со уште неколку кошаркари на тимот од Ел-еј за Ентони Дејвис. Ваквиот дил, многумина сметаат дека е „масло“ на најдобриот кошаркар на Лејкерс, Леброн Џејмс, кој сака тимот да биде конкурентен во битка за титула во НБА-лигата.

Обидот на Лејкерс да го добие Олстар крилниот центар од тимот од Њу Орлеанс во замислената трампа на седум-осум кошаркари не успеа, па Инграм останува во Лос Анџелес. Сега ќе мора да трпи сеир, како ноќеска во Индијанаполис, иако тој не одлучува дали ќе си замине или не.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести