НФЛ-лигата не памети вакво нешто

Лос Анџелес рамс и Канзас сити чифс одиграа историски меч во НФЛ-лигата во американски фудбал бидејќи за првпат се случи на еден натпревар двете екипи да имаат по 50 или повеќе поени. Рамс славеа со 54:51, а по четвртини резултатот беше 13-7, 10-16, 17-7, 14-21.

Ова е најефикасен понеделнички меч во историјата на НФЛ, а се играле 773 средби. Во епската битка како да немаше одбрани, „фрчеа“ тачдауни на двете страни (вкупно 14). Видени се 1.001 освоени јарди, 105 поени (трет најефикасен меч во историјата, рекордот е 113 од далечната 1966 година), 10 додавања за тачдаун, четири смени на водството во последната четвртина и вкупно 35 поени во последната четвртина.

Пред три години, Њу Орлеанс сејнтс го победи Њујорк џајантс со 52:48 и досега тоа беше најблиску до подвиг двата тима да ја надминат бројката од 50 поени. Рамс со овие 54 поени дојдоа на пет поени од рекордот на Филаделфија иглс, а Чифс по вторпат сезонава загубија меч на којшто имале над 40 поени.

По триумфот, тимот од Градот на Ангелите отиде на скор 10-1 сезонава, а Канзас има 9-2.

Ова е последниот тачдаун на мечот, кој на тимовите им обезбеди место во историјата на лигата:

- Оглас -

Најнови вести