НХЛ-шампионите во Белата куќа на средба со претседателот Трамп (фото)

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес во Белата куќа ги пречека шампионите на НХЛ , тимот на Вашингтон капиталс. Вашингтон на приемот се пофали со трофејот „Стенли“ кој го освои во сезоната 2017/18.

Предводени од ѕвездата Александар Овечкин, „капиталците“ за првпат во клупската историја лани ја освоија шампионската титула во НХЛ-лигата, во финалната серија го совладаа тимот на Вегас голден најтс со 4-1.

Оваа сезона ќе имаат шанса да го одбранат трофејот бидејќи по 76 натпревари во регуларниот дел од сезоната имаат вкупно 44 победи и 32 порази, учинок со кој Вашингтон моментално е на третото место на Источната конференција.

- Оглас -

Најнови вести