Ни Пеле, ни Марадона, ни Меси, никој од Јужна Америка, само Енер Валенсија!

Капитенот на еквадорската репрезентација, Енер Валенсија, даде гол против Холандија за изедначување на 1-1, и стана прв играч од Јужна Америка кој постигнал шест погодоци по ред за својот национален тим на Светско првенство.

Серијата на Валенсија почна на СП 2014 година, а продолжи годинава во Катар. Последните шест гола за Еквадор на Мундијалите се дело на Валенсија, и тоа е јужноамерикански рекорд, што е за пофалба, со оглед на тоа какви играчи дал овој континент низ историјата.

Од Европјаните, шест гола по ред за својата селекција имале само Португалецот Еузебио во 1966, Италијанецот Паоло Роси во 1982 и Русинот Олег Саленко во 1994 година. Никој не дал седум по ред, Валенсија има шанса да стане првиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести