Ни по 210 минути немаше победник, па мораше да се шутираат пенали за да се дознае финалистот во Кралскиот куп (Видео)

Екипата на Мајорка е прв финалист во шпанскиот куп откако по голема драма, на гостински терен кај Реал Сосиедад победи и тоа дури по подобро изведување на пенали.

Првиот меч заврши без голови, а синоќа Сосиедад пред своите навивачи беше фаворит за пласман во финалето. Меѓу двата полуфинални дуели, играа и во првенство, а тогаш Сосиедад на гости славеше со 2:1, па едноставно сега ја имаше фаворитската улога за нов триумф.

Сепак, на теренот не беше така. Сосиедад имаше голема шанса да поведе во првото полувреме, но Мендес промаши пенал. На почетокот на вториот дел, Мајорка со голот на Гонзалес поведе со 1:0, а домаќините израмнија во 71-вата минута.

Откако остана нерешено по 90 минути, мораше да се играат продолженија, но и во дополнителните 30 минути немаше погодоци. Пенал-рулетот требаше да го реши патникот во финалето на Купот, а Ојарзабал, кој даде гол за 1:1, промаши во првата серија за Сосиедад. До крајот на пеналите сите деветмина изведувачи беа прецизни, па Мајорка победи со 5:4 и се пласира во финалето на Купот.

Утревечер ќе се знае вториот финалист, а тоа ќе биде подобриот од двомечот меѓу Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид. По првиот дуел, Атлетик Билбао победи со 1:0 на гости и сега на домашен терен ќе има голема шанса да го потврди местото во финалето.

- Оглас -

Најнови вести