Ни со Лампард не оди, Челзи е поблиску до Чемпионшип отколку до Европа (Видео)

Френк Лампард имаше неуспешно деби на враќањето на клупата на Челзи. Сините загубија со 0-1 на гостувањето кај Вулверхемптон и останаа 11-ти на табелата.

Челзи трето коло по ред не успеа да постигне гол. Голот за Волците го даде Матеуш Нунеш и беше прекрасен.

Тотенхем со голови на Сон (даде спектакуларен гол и стана прв Азиец со 100 гола во Премиер лигата) и Кејн победи со 2-1 против Брајтон, а на гостите им беа поништени два гола. Њукасл губеше на полувреме со 0-1, но победи на крај против Брентфорд со 2-1. Важни победи од по 1-0 во битката за опстанок извојуваа Борнмут  Вест Хем. Чеканите немаа гостинска победа уште од август, а Борнмут славеше против директниот ривал Лестер кој е претпоследен на табелата.

На ниту еден меч од оние кои почнаа во 16 часот во Премиер лигата, немаше нерешен исход. Победи и Астон Вила која славеше со 2-0 против Нотингем форест.

Ова е супер погодокот со кој Вулфс го совлада Челзи:

 

- Оглас -

Најнови вести