Ни со специјален робот не може да се најде исчезнатата фудбалерка

Сè помали се шансите дека фудбалерката на Јанг bојс, Флоријана Исмаили е жива. Веќе втор ден таа е исчезната, а полицијата заедно со пожарникарите ја бараат во езерото Комо. Исмаили заедно со својата пријателка заминале на езерото, изнајмиле чамец и отпловиле на 700 метри од обалата.

Повеќе од два часа се сончале, а во еден момент Исмаили сакала да се освежи и скокнала во езерото. Веднаш потонала и не се појавила. Пријателката веднаш повикала помош, но засега нема трага од фудбалерката.

Длабочината на езерото на местото каде исчезнала Исмаили е повеќе од 100 метри, а експертите велат дека таму постојано има силни струи, но и водата е ладна, па тоа може да биде кобно за несреќната 24-годишна девојка. Во потрагата бил вклучен и специјален робот-подморница, но и тоа засега не ги дава посакуваните резултати.

„Ќе треба време за да ја пронајдеме“, изјави еден од пожарникарите специјалец за нуркање.

 

 

- Оглас -

Најнови вести