Ни тргна во Президент купот, Македонија го згази Алжир во првото полувреме и е на прагот на прва победа на Мундијалот

Македонија е на прагот на првата победа на Светското прврнство во ракомет и води со 19:11 против Алжир по првото полувреме.

Во Плоцк во првиот меч од таканаречениот Президент куп, односно во битката за 25 до 32 место нашите ракометари конечно заличија барем малку на репрезентација што има реноме и континуитет на големите натпреварувања и ги надиграа Пустинските лисици.

Од почеток водевме постојано, најмногу со 9 гола разлика, 18:9 и 19:10 и по 30 минути игра имаме предност од 8 погодоци.

Пикерот Жарко Пешевски со 6 гола беше најефикасен во првото полувреме, а Македонија покажа дека знае да игра ракомет, по огромните и заслужени критики за лошите три настапи во првата фаза на шампионатот, кога губевме со двоцифрена разлика од Норвешка, Холандија и Аргентина.

 

 

- Оглас -

Најнови вести