Нигериец добил отказ затоа што ја затруднел ќерката на претседателот на клубот

Нигериски фудбалер го избркале од второлигашки клуб од Словенија затоа што бил во врска со ќерката на претседателот на клубот, а притоа девојката останала и трудна. Фудбалерот сакал да биде анонимен и не се знае за кого точно станува збор.

„Потпишав договор на три години, но влегов во проблем кога се заљубив во девојка која се покажа дека е ќерка на претседателот. Бевме заедно и таа остана трудна. Кога се расчу, ме повикаа на разговор и ми рекоа да не излегувам од станот додека не се реши нешто. По неколку дена ми рекоа дека договорот ми е раскинат поради кршење на професионалните обврски и недисциплина. Останав и без работна дозвола, па морав да си одам, инаку ќе завршев во затвор“, раскажува Нигериецот, кој упати жалба до ФИФА.

Фудбалерот вели дека и девојката која е полнолетна го сакала него, сакала да имаат деца, но откако се врати во родната земја, веќе нема контакт со неа.

„Таа мораше да го смени телефонскиот број, ме блокираше на сите социјални мрежи. Не знам што е со нашето дете, ни соиграчите кои останаа не знаат, а и не сакаат да влезат во проблем“, додава фудбалерот.

Во втората лига во Словенија играа четворица Нигеријци.

- Оглас -

Најнови вести