Никако да се спои македонскиот тандем во Палермо

Илија Несторовски како капитен вечерва го предводи Палермо на гостувањето кај Кротоне, а вториот наш репрезентативец Александар Трајковски чека шанса од клупата.

Ова е шестиот меч во 2019 година на кој поради разни причини македонскиот тандем никако не успева да се спои во стартната постава на кандидатот за враќање во Серија А.

Несторовски се повреди пред Нова година и паузираше до деветти февруари, кога беше на клупата за резерви против Перуџа. Во тој период еден од главните адути на клубот од Сицилија беше Трајковски, кој најчесто е стандарден во нападот на второпласираниот тим во Серија Б, но вечерва популарниот Алекс е резерва.

Последен пат заедно како стартери за Палермо двајцата македонски репрезентативци играа на осми декември, во победата од 3-1 против Перуџа. И тогаш беа најзаслужни за успехот, а постигнаа по еден гол.

И покрај тоа што паузираше поради повредата, Несторовски е прв стрелец на Палермо со 7 голови, а Трајковски е трет на клупската листа со 4 голови, но има одлични 8 асистенции, категорија во која е најдобар во Серија Б.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести