Нико потпиша за Фиорентина, Чурлинов ќе има повеќе простор во Штутгарт

Аргентинецот Нико Гонзалес ќе игра за Фиорентина во следните пет години, откако веќе потпиша договор со Виолетовите. Моментно 23-годишниот репрезентативец на Гаучосите се наоѓа во Бразил на Копа Америка, а по враќањето се сели во Италија од редовите на Штутгарт.

Нико беше еден од најдобрите играчи на Штутгарт и втор стрелец на тимот во минатата сезона со шест погодоци.

Заминувањето на напаѓачот на Штутгарт ќе отвори повеќе простор за Дарко Чурлинов, нашиот најмлад репрезентативец што настапи за Македонија на Европското првенство.

 

 

- Оглас -

Најнови вести