Никогаш во историјата табелата во Шпанија не изгледала вака

Осасуна синоќа одигра 1:1 против Гранада, а домаќините може да жалат затоа што примија гол во 90 минута и буквално во последната минута загубија два планирани бода. И покрај тоа што освои само еден бод, Тимот од Памплона успеа да го прескокне Реал Мадрид на табелата и сега со 18 бодови е на второто место, зад лидерот Реал Сосиедад.

Факт е дека Осасуна има одиграно 10 меча, Сосиедад девет, а Реал кој е трет своите 17 бода ги освои од само осум меча, но со вчера освоениот бод на Осасуна, беше испишана историја во шпанското првенство.

За прв пат се случи, на првите две места на табелата да преноќат две баскиски екипи, а една од нив да не биде Атлетик Билбао. Најпознатиот баскиски клуб е дури на деветото место на табелата со само 13 бодови.

Реал Сосиедад кој доаѓа од Сан Себастијан, игра одлично и со шест победи, две нерешени и само еден пораз е лидер. Сосиедад утре ќе има тешко гостување и тоа кај актуелниот првак Атлетико Мадрид, што ќе биде вистински текст за квалитетот на лидерот, кој има 17 бода од осум средби.

 

- Оглас -

Најнови вести