Никој како безвременскиот Џеко: Во три различни децении погодува на „Театарот од соништата“

Един Џеко е единствениот фудбалер кој постигнал гол на „Олд трафорд“ како противник на Манчестер јунајтед во три различни децении.

Голгетерот на репрезентацијата на БиХ како играч на Волфсбург, Манчестер сити и сега на Рома, стигна до овој импресивен подвиг кој сепак беше засенет од дебаклот кој го претрпе Волчицата со 6-2.

Џеко во септември 2009 година беше стрелец во поразот од 2-1 на Волфсбург во групите од ЛШ, а како играч на Сити во четири гостувања од 2011 до 2015 година петпати погоди на „Театарот од соништата“.

Вечерва му беше шести гол во храмот на Црвените ѓаволи, и веројатно последен во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести