Никој како Саудиска Арабија, за три години вложи неверојатни пет милијарди фунти во спортот

Министерот за спорт на Саудиска Арабија, принцот Абдулазис бин Турки ал Фајсал, во интервју за Би-би-си изјави дека неговата земја во спортот во последните три години инвестирала пет милијарди фунти во спортот, и нема тука да запре.

Сите вложувања се преку државниот инвестициски фонд (ПИФ) кој е под директна надлежност на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.

ПИФ веќе покрена револуција во голфот формирајќи ЛИВ голф-серија привлекувајќи ги дел од најдобрите светски голфери, минатата година го купи премиерлигашот Њукасл, а е сопственик и на четирите саудиски екипи Ал-Хилал, Ал-Наср, Ал-Итихад и Ал-Ахли кои направија вистински бум на трансфер пазарот во летниот преоден рок.

ПИФ вложи неколку стотици милиони фунти во еспорт индустријата, а вложува и во ММА спортот.

Саудиска Арабија во последните неколку години е редовен организатор на најголемите бокс мечеви, организира трки во Формула еден шампионатот, коњички трки, а неодамна се одржаа и тениски турнир и едриличарска регата.

Ал-Фајсал изјави дека во Саудиска Арабија станала центар на меѓународниот спорт со организација на 85 големи спектакли, а во 2034 година ќе биде организатор на Светското првенство во фудбал.

- Оглас -

Најнови вести