Никој не го чуваше, а тој игра околу топката (Видео)

Хуан Диего Рохас од еквадорскиот клуб Делфин на натпреварот против Насионал од Парагвај,претера со обидите да биде атрактивен. Целата работа е што тој правеше „велосипед“ и играше околу топката, а во негова најнепосредна близина немаше ниту еден противнички играч.

Делфин го доби мечот со 3-0, па веројатно затоа младиот Рохас, кој дебитираше во квалификациите од Копа Либертадорес, се релаксира и си дозволи да ја забавува публиката, но потегот немаше никаква цел бидејќи не успеа да го помине противничкиот дефанзивец.

Погледнете ја егзибицијата на Еквадорецот Рохас:

https://www.youtube.com/watch?v=M1qoiN1emoQ

- Оглас -

Најнови вести