Никој не лета повисоко од Штрковите – МЗТ ја доби битката на непоразените

МЗТ Скопје е единствениот непоразен тим по четири кола во АБА2 лигата, откако вечерва во „Јане Сандански“ падна вториот најдобар тим Борац Чачк при конечни 76:69. Штрковите го налетаа и ривалот за првото место на табелата откако кошаркарите на Ѓорѓи Кочов одиграа одлично во завршницата освојувајќи го последниот период со 19-8.

Домаќините по првите 10 минути имаа седум поени предност, но тимот на Борац ја имаше минималната предност при 38:39 на паузата. Српскиот состав беше подобар и во третата делница, но како предодени актуелните македонски шампиони приредија фуриозно напаѓачко издание во клучните моменти и практично ја зграпчија посакуваната победа.

МЗТ отвори со серија од 12-3 во последната четвртина по тројките на Хиндс, Омот и Крстевски, па им дозволија на гостите да постигнат само осум поени за 10 минути. Капитенот Стојановски со 16 поени и седум скока го предвоше тимот во бело-сини дресови, 12 додаде Омот, додека Крстевки запиша дабл дабл од 10 поени и 14 скока. Кај поразените, Џонс со 22 поени беше најрасположен играч.

 

- Оглас -

Најнови вести