Њујорк никс славеше со 105-95 на гости против Сан Антонио спарс во првиот натпревар од големото НБА финале. Џејлен Брансон со 30 поени од кои 13 во последната четвртина, беше јунак на мечот. Тој се повреди во првата четвртина и на кратко го напушти теренот, но се врати и го предводеше својот тим до 12-тата победа по ред.
Никс и Спарс и пред 27 години играа во големото финале. Тогаш титулата ја освоија Мамузите од Тексас, па сега тимот од Големото јаболко има шанса да се реваншира.
Во поразениот тим, Виктор Вембањама имаше 26 поени, но со лоша реализација на шут од поле (погоди само 6 пати од 21 обид)
Имаше и еден необичен момент во текот на мечот, играта беше прекината кога на терен влета навивач кој со телефонот сакаше да направи селфи со Вембањама, но експресно беше отстранет од обезбедувањето.
Fan runs on the court during Game 1… pic.twitter.com/lMPQof82oI
— Bleacher Report (@BleacherReport) June 4, 2026

