Полноќно шоу во Мадрид, Рикелме го вети Халанд, се јави Флорентино со контра-удар

В недела навивачите на Реал Мадрид со членски книшки ќе гласаат дали претседател на клубот да остане Флорентино Перес или начело да дојде Енрике Рикелме, а двајцата кандидати синоќа имаа отворена битка, иако не се соочија во ТВ дуел како што бараше Рикелме.

Рикелме даде интервју во кое откри дека ако стане претседател, во Реал ќе го донесе Ерлинг Халанд. Само што почна интервјуто, Флорентино Перес официјално го најави Жозе Мурињо како свој тренер. Рикелме за време на интервјуто дознава дека Мурињо е најавен, и вели дека неговиот тренер ќе биде некој друг различен, но не го откри името.

Освен Халанд, Рикелме вети дека ќе го потпише и Родри од Манчестер сити, а најави и воведување на функција спортски директор на која би бил легендата Раул Гонзалес. Рикелме рече и дека ќе им ја плати целата членарина на сите 100.000 членови на Реал Мадрид ако не го одржи ветувањето дека ќе ги донесе Халанд и Родри.

Само што заврши интервјуто на Рикелме, се појави интервју на Флорентино Перес во кое тој потврди дека тренер ќе биде Мурињо, а прв потпис ќе биде Ибрахима Конате.

Тој додека дека ќе донесе и други врвни играчи на секоја позиција. Се зборува дека во одбраната го сака и Јошко Гвардиол, а во средниот ред ќе се обиде да го донесе Жоао Невеш од ПСЖ.

Мурињо по објавата на видеото на Перес, ја информирал управата на Бенфика дека не се појавил во дреса на Реал, туку дека тоа е направено со вештачка интелигенција.

 

- Оглас -

Најнови вести