„Бомбата“ е фрлена: Ако Флорентино Перес загуби на изборите, Халанд и Родри ќе станат играчи на Реал Мадрид

Енрике Рикелме е човекот кој се надева дека ќе го собори Флорентино Перес од претседателската функција во Реал Мадрид. Тоа е противкандидатот на Перес на престојниот избор за прв човек на Кралскиот клуб.

Рикелме вети дека доколку тој биде избран за претседател на Реал Мадрид, клубот повторно ќе биде Галактичен. Вечерва беше откриено дека доколку тој биде избран да биде прв човек на 15-кратниот европски првак, во летниот преоден рок на „Сантијаго Бернабеу“ ќе ги доведе Ерлинг Халанд и Родри.

Халанд е прва ѕвезда на Манчестер сити со кој има договор дури до 2034 година, но бизнисменот од Аликанте уверува дека е можно Норвежанецот да го облече дресот на Кралевите.

Доцна вечерва Рикелме се појави на интервјуто облечен во дрес со името на фудбалерот, заедно со нотарски заверен документ со кој се потврдува неговото потпишување. Околу 23:04 часот беше откриено дека на дресот стои бројот на Норвежанецот, а Рикелме го отвори пликот со нотарски заверен документ. „Ништо од клубот никогаш нема да биде продадено и ќе остане 100% во сопственост на членовите. Тоа е јасно наведено овде. Доколку прекршам некое од моите ветувања во врска со овие играчи (Родри и Халанд), потпишав гаранција дека во случај на какво било прекршување, ќе платам 100% од сите членарини на членовите за следната сезона“, откри тој.

Рикелме ја „фрли ракавицата“ на Перес, кој е најдолговечниот претседател на Реал Мадрид и очекува така да продолжи и во иднина.

- Оглас -

Најнови вести