15.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Нишикори ужива во четиричасовни маратони на Ролан Гарос

Кеј Нишикори продолжи во своите маратонски победи на Ролан Гарос откако денес го елиминира Карен Хачанов во пет сета со 4-6, 6-2, 2-6, 6-4 и 6-4 за пласман во третото коло на Отвореното првенство во Франција.

Јапонецот во првиот ден од гренслем-турнирот исто така се мачеше во четиричасовен дуел против Џанеси, а сега се вадеше од негатива при 1-2 во сетови против рускиот тенисер, кој е за 14 позиции подобар од Нишикори на АТП-листата.

Во фанстастичниот пресврт на Нишикори му тргна во четвртиот сет, кога Хачанов дојде до нов брејк, а Јапонецот возврати со два украдени сервиси, од кои вториот му послужи да го освои сетот со 6-4. Во решавачкиот сет двајцата беа трпеливи до 10-тиот гем, во кој Нишикори без загубен поен дојде до брејк искористувајќи ја првата меч-топка за победа.

Во следното коло најдобриот машки јапонски тенисер ќе се соочи со 159-торангираниот Хенри Лаксонен.

- Оглас -

Најнови вести