Ништо не го запира, повредениот Златан тренира на снег (Видео)

Снегот кој падна во северниот дел на Италија не е никаков проблем за Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ кој рехабилитацијата ја продолжува нормално и тренира како да е суво. Вечерва Милан гостува кај Сампдорија, а првиот стрелец на Росонерите денеска објави една снимка направена на покриениот со снег тренинг центар Миланело, снимена пред некој ден.

„Обиди се да ме запреш“ – порача Ибра, кој трча на снег облечен само во маичка со кратки ракави и шортсеви.

Златан се надева дека ќе може да игра следниот викенд на мечот против Парма на „Сан Сиро“. Погледнете го 39-годишниот фудбалер кој е отпорен на студ:

- Оглас -

Најнови вести