Ништо од „два во кец“ кога одбраната на Реал спие (видео)

Тони Крос и во шестата календарска година успева да запише погодок против Селта Виго во ремито од 2-2. Германецот го постигна вториот овосезонски погодок во Ла Лига, првиот исто така го реализира против тимот од Виго на стартот од сезоната, а вечерва токму со неговата традиција им помогна на Кралевите да избегнат разочарување пред домашната публика.

Селта рано дојде до предност благодарение на несмасноста на Рафаел Варанпо што Смолов ги изненади гледачите на „Бернабеу“. Реал имаше доволно време за втор гол, па дочекаа да се заканат од белата точка во 65-тата минута, а тоа е специјалност на капитенот Рамос. Но, наместо пресврт, Селта освои драгоцен бод откако Санти Мина им избега на Карвахал и Варан во шеснаесетникот и израмни на пет минути од регулраните 90.

Реал ќе остане на врвот со бод повеќе од Барселона, а Селта поради подобра гол-разлика излезе од опасната зона пред Мајорка со 21 бод.

https://twitter.com/HDGoalsLive/status/1229151272432996358

- Оглас -

Најнови вести