Ништо од Раул, нов тренер на Унион Берлин е Хрват

Поранешниот тренер на Динамо Загреб, Ненад Бјелица, денеска и официјално е промовиран за нов тренер на германскиот бундеслигаш Унион Берлин.

Бјелица доаѓа на местото на Урс Фишер кој пет години седеше на клупата на Унион Берлин и екипата од третата лига успеа да ја внесе во Бундеслигата и сезонава да игра и во Лигата на шампионите, но серијата од девет порази по ред, му пресуди.

Покрај Бјелица, во игра за клупата на германскиот тим беше и легендата на Реал Мадрид, Раул Гонзалес, но челниците на Унион Берлин, се одлучија за Хрватот, кој на почетокот од сезонава доби отказ од Трабзонспор бидејќи Шпанецот одлучил да остане да го води вториот тим на Реал Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести