Ништо страшно, нормално е Баерн да постигне 4-5 гола

Баерн Минхен во два меча за неполни 15 дена даде вкупно девет гола во мрежата на Бенфика. По победата од 4:0 на гости, баварскиот гигант синоќа во Минхен славеше со 5:2 во најефикасниот дуел од Лигата на шампионите. И покрај високиот пораз, тренерот на Бенфика, Жорж Жесус не беше премногу разочаран велејќи дека успех е што неговиот тим постигнал два гола против големиот фаворит.

„За Баерн е вообичаено да постигнува по 4-5 гола на меч, па и против нас не се случи ништо поразлично. Секако дека не сме задоволни, но добро е што успеавме да му дадеме два гола на Баерн на негов терен. Имавме и добри моменти во играта. На ниту еден тим во светот нема да му биде лесно да игра против Баерн. Имаат голем број квалитетни играчи кои постојано создаваат проблеми на противниците“, рече Жесус.

Роберт Левандовски даде хет-трик на синоќешниот меч и постави еден необичен рекорд што не им успеало ниту на Кристијано Роналдо, ниту на Лионел Меси.

 

- Оглас -

Најнови вести