По завршување на групната фаза на Копа Америка, познати се осумте селекции кои ќе ја продолжат битката за трофејот на Јужноамериканското континентално првенство. Во нокаут фазата поминаа Бразил, Парагвај, Венецуела, Аргентина, Колумбија, Чиле, Уругвај и Перу.
По трите одиграни меча на сите репрезентации, беше составен и најдобриот тим во досегашниот дел од првенството. Интересно е што меѓу најдобрите 11 нема ниту еден Аргентинец, дури ни капитенот Лионел Меси. Гаучосите поминаа во четвртфиналето, откако со 2:0 беа подобри од Катар, а претходно разочараа и загубија од Колумбија со 0:2, а против Парагвај ремизираа 1:1.
Во идеалниот тим од групната фаза има место за по тројца Бразилци и Уругвајци, двајца од Чиле, двајца од Венецуела и еден Колумбиец.