15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Ниту реми со Јунајтед не го спаси Хјуз од отказ

Саутxемптон му врачи отказ на Марк Хјуз откако тимот од „Сент Мери“ по 14 натпревари во Премиер лигата, се наоѓа во зоната за испаѓање. Ремито од 2-2 против Манчестер јунајтед во саботата очигледно е неуспех за раководството на клубот, па само по осум месеци се одлучи да побара нов предводник на првиот тим, кој ќе има задача да му помогне на Саутхемптон да опстане во најквалитетното англиско првенство.

„Светците“ се во негативна серија од 10 меча без триумф, последен пат се радуваа на први септември против Кристал палас (2-0), што е нивна единствена победа по 14 средби. Со 9 освоени бода, Саутхемптон е 18-ти на табелата во Премиер лигата.

На мечот против Тотенхем во среда, тимот ќе го предводи асистентот на отпуштениот Хјуз, Келвин Дејвис.

- Оглас -

Најнови вести