Ниту „св. Нејмар“ не му помогна на ПСЖ (видео)

Ремс го приреди најголемото изненадување во седмото коло на Лига 1 откако вечерва славеше на „Паркот на принцовите“ против шампионот ПСЖ со 2-0. Ако досега Светците се вадеа на магијата на Нејмар, овојпат не им помогна ниту Бразилецот, па го претрпеа вториот пораз по седум меча.

Камара е човекот кој прв го совлада Навас во Франција откако Костариканецот се пресели во Париз, а во судиското надополнување Дија се обиде да изведе „ножички“, не ја зафати топката како што сакаше, но неговиот шут заврши во мрежата и го потврди шокот за актуелниот првак.

https://www.dailymotion.com/video/x7lpueg

https://twitter.com/VegasPronostics/status/1176964290617720832

- Оглас -

Најнови вести