Ноември за Џани што долго ќе го памти – На Европско првенство со Македонија и нов договор со Лидс

Езџан Алиоски ќе биде еден од најдоброплатените македонски играчи, според најавите што доаѓаат од таборот на Лидс, клубот кој ќе му понуди нов договор со месечна плата од околу 120 илјади фунти.

Лудиот ноември одлично му легна на популарниот Џани, па успеа најпрво со репрезентацијата на Македонија да се пласира на Европското првенство што ќе се игра идната година, а потоа блескаше и во дресот на Лидс.

Против Арсенал беше најдобро оценет играч на теренот, успеа да го сопре, а потоа и да го испровоцира Николас Пепе, засилувањето на Топчиите од 72 милиони фунти.

Нашиот репрезентативец има договор со Лидс до јуни идната година и во јануари веќе може да преговара со нов клуб, но Лидс најавува дека нема да дозволи Алиоски да си замине.

https://twitter.com/liveleedsunited/status/1331288928998055940?s=20

- Оглас -

Најнови вести