Нојер правеше чуда, но Вердер успеа да даде гол (Видео)

На Мануел Нојер е многу тешко да му се даде гол, во тоа се уверија и играчите на Вердер. Искусниот голман на Баерн Минхен во финишот на првото полувреме прими гол, и Вердер има изненадувачко водство од 1-0 на полувреме, но гостите и порано можеа да ја затресат мрежата на фаворитот.

Главна причина зошто Вердер и порано не даде гол е Нојер кој за неколку секунди имаше две супер одбрани. Ова не ги обесхрабри гостите од Бремен и тие во 45-та минута сепак дадоа гол и покажаа дека и Нојер е човек од крв и месо, и дека не е семоќен. Стрелец беше Егештајн.

Чудесните одбрани на Нојер може да ги видите тука.

 

- Оглас -

Најнови вести