Нојер утре се враќа меѓу стативите по пауза од 10 месеци!

За германскиот голман Мануел Нојер почнува одбројувањето до враќањето меѓу стативите на еден официјален натпревар.

Германските медиуми најавуваат дека Нојер би можело да застане на голот на Баерн Минхен на утрешниот дуел од Бундеслигата против Дармштад.

Нојер нема брането десет месеци, последниот настап му беше на 1 декември минатата година, на мечот Германија – Костарика од Светското првенство во Катар. Брзо потоа, додека беше на зимски одмор, на скијање ја скрши ногата и еве по 323 дена пауза, конечно повторно е подготвен за враќање на голот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести