Ноќниот спектакл во Шладминг за Хиршер

Ноќниот скијачки спектакл му припадна на невериојатниот Австриец Марсел Хиршер, кој победи во слалом-трката, пред Алекси Пинтуро од Франција и Швајцарецот Даниел Јуле.

Над 50 илјади луѓе пристигнаа во Шладминг да ја следат ноќната трка, а Хиршер не остави ни малку надеж за конкурентите.

Со вкупно време од 1:44, 81 тој е победник, со една секунда и 21 стотинка подобро време од Пинтуро. Зад нив е Јуле, а до десеттото место се наредија и Зенхаусерн, Шварц, Попов, Дигрубер, Нојројтер, Ридинг и Хиршбухл.

- Оглас -

Најнови вести